На 15.08.2025 година, до 13:00 часот, на територијата на Република Македонија се регистрирани вкупно четири пожари на отворен простор. Од нив, три се активни, еден е под контрола, а нема изгаснати пожари.
Активни се следните пожари: во општина Македонски Брод, во повеќенаменското подрачје „Јасен“ (мешана шума); во општина Јегуновце, помеѓу селата Рогачево и Јажинце (пасишта); и во општина Долнени, помеѓу селата Лажани и Средорек (ниска вегетација и стрниште).
Пожар под контрола е пријавен во општина Македонски Брод, на потегот село Девич – село Грешница (ниска вегетација).