УТРО.мк

На 22 август се отвораат понудите за трет мобилен оператор – фаворит унгарскиот „4iG“

На 22 август се отвораат понудите за трет мобилен оператор – фаворит унгарскиот „4iG“
Vero

Од следната година македонските граѓани ќе можат да ги користат услугите на нов мобилен оператор. Процедурите се во тек, летово компанијата која ќе биде наскоро избрана ќе ја добие лиценцата која може да важи од 8 до 12 години. На 22 август ќе се отворат понудите и ќе се знае кој се пријавил на тендерот на АЕК, по што следи и јавно наддавање.

Во трка за влез на македонскиот пазар влегуваат најмалку три оператори. Едниот е ОНЕ Македонија Телекомуникации, фирмата што унгарската 4 Ај Џи ја регистрираше во земјава, вториот  e&PPF телеком груп меѓунардна телекомуникациска и инвестициска групација која е активна во Бугарија, Словачка, Унгарија и Србија  и третиот, БИТСРИМ Мобајл, македонска фирма  за телекомуникациски и интернет услуги, која, според достапните информации, во моментов нема ниту еден вработен, ниту било какви приходи.

“ Одлуката за избор на понудувачи кои ќе учествуваат во постапката на јавно наддавање ќе се донесе во рок од 10 дена од денот на јавното отворање на понудите.Во одлуката ќе се утврди местото и времето на одржување на јавното наддавање кои што нема да биде пократко од 14 дена и подолго од 30 дена од денот на донесување на одлуката” – се вели во објавата на Службен весник на Македонија.

Во моментов од европските земји само Македонија и Албанија имаат два мобилни оператори и се обележани со црна боја на мапата поради недоволно развиена конкуренција во оваа област.  Групацијата 4иг  важи за најсериозен играч уште од август минатата година кога испратија и писмо со намери до македонската влада со кое понудија услуги за мобилна и фиксна телефонија. 

Влезот на трет мобилен оператор се очекува да ја поттикне конкурентноста на пазарот со што би паднале цените и би се овозможиле подобри услуги за граѓаните. Дека е потребен нов играч на пазарот во неколку наврати потенцираше вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него постоечките оператори не нудат нови и подобри услуги на пазарот. Со влезот на нов оператор ќе се постигнат повеќе бенефити, државата ќе добие пари бидејќи лиценците се плаќаат, а ќе има нови инвестиции во телекомуникациската мрежа.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран