УТРО.мк

Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и Германскиот археолошки институт

Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и Германскиот археолошки институт
Vero

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, утре, на 19 август, ќе го посети археолошкиот локалитет Скупи заедно со делегација од Германскиот археолошки институт од Берлин и претставници од Музејот на град Скопје.

Во рамките на посетата, во 10:00 часот ќе биде потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и туризам и Германскиот археолошки институт – меѓународна истражувачка институција која работи под надлежност на Федералното министерство за надворешни работи на Германија.

Дополнително, ќе биде склучен и Договор за соработка меѓу Германскиот археолошки институт и Музејот на град Скопје, со цел зајакнување на археолошките истражувања и заштитата на културното наследство, со оглед на долгогодишната традиција на институтот во проучување на значајни археолошки локалитети во светот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран