Во продолжение го пренесуваме целосниот статус на Петар Георгиевски – Камиказа:
“Со Меморија на бина, се донесе државотворноста на Македонија на Tретиот илинден 1991!!!
Првите два албуми на Меморија се најпродавани албуми во тогашен Југотон од цела ЕХ ЈУ!!!Сите песни беа на Македонски јазик!
Меморија ги полнеше концертните сали, кога во тоа не веруваа многу скептци!!!Меморија во тогашен Југотон 1984,одби да снима на српскохрватски!
Меморија е добитник на многу музички признанија во изминативе 40 години!!!
Меморија никогаш не се откажа од тоа да биде бедем и стожер на Македонската поп-рок сцена!!
Меморија никогаш не ја изневери својата публика како музички, така и национално!!!! Затоа секогаш богато не наградуваше со своето присуство и уживаше во нашите повеќе часовни концерти !!!!
Ноо…..
Меморија никогаш не доби денар од државата во која се вгради!!!Напротив, единствено Меморија ќе плаќа данок на влезниците ( сите Срби, Хрвати и други странци се ослободени)! А со парите што ние ќе ги платиме со билетите, “државата“ ќе финасира “проекти“ на кој не им одат ни сопартиците, ни најблиските. Изгледа глупоста последна умира!!!! Не надежта!!!
Меморија остана недопрена од разулавената власт, сите овие години, но игнорирана од сите можни влади, ради својата чиста мисла и љубовта кон сопствениот народ и држава!!!!
Во најголемото време -невреме, кога и требаме на државата, ние сме повторно тука!!! На браникот на слободата!!!! На меѓникот на љубовта и песната, која ќе остане и по нас да бие ко камбана со небески ек!!! Нека новите песни и концертот на Меморија бидат можност за национално сплотување и простување!!! За радост која космосот ќе ја разбере, дека имало, има и ќе има многу други битки, но дека оваа заедно ќе ја добиеме, ќе пееме, ќе се радуваме!!!МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА. Делата се доволни, коментарите непотребни”, напиша Петар на социјалната мрежа Фејсбук.































