УТРО.мк

Дариус Конџи ја доби „Златната камера 300“ за животно дело на „Браќа Манаки“

Дариус Конџи ја доби „Златната камера 300“ за животно дело на „Браќа Манаки“
Vero

Во рамките на 46. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, вечерва беше доделена највисоката награда – „Златна камера 300“ за животно дело.

Лауреат е светски познатиот кинематографер Дариус Конџи, автор на култни визуелни остварувања како „Седум“ со Бред Пит и Морган Фримен, „Полноќ во Париз“, „Седум години на Тибет“ и „Евита“.

Наградата на Конџи му ја врачи министерот за култура Зоран Љутков, а во церемонијата што се одржа во пријатната атмосфера на Пионерскиот дом присуствуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој му врачи специјална плакета со македонски орнамент.

Конџи, кој е роден во Иран и израснат во Париз, уште од рана возраст ја негува љубовта кон киното и театарот, оставајќи зад себе богата филмографија со визуелни ремек-дела кои го одбележаа светското филмско творештво.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран