Шокантни сцени се забележани во близина на селото Копанце, каде што реката Вардар е преполна со стотици, па дури и илјадници пластични шишиња и отпад.
Видеото објавено на Фејсбук профилот С. Копанце ја прикажува алармантната состојба на еден од најважните водни текови во земјата, кој е буквално затрупан со пластика.
Граѓаните кои ја следат страницата реагираат со револт, барајќи итна интервенција на надлежните институции и покренување акција за чистење.
Еколозите предупредуваат дека ваквите појави не само што ја загадуваат животната средина, туку и сериозно го загрозуваат водниот екосистем и здравјето на граѓаните.
Засега нема официјална реакција од локалните власти за случајот.































