Поради намалена количина на вода, жителите на општината ќе се соочат со привремена рестрикција на водоснабдувањето денес во периодот од 12:30 до 15:30 часот, соопштија од Јавното комунално претпријатие.
Од претпријатието информираат дека покрај ограничувањето, водата во моментот не е безбедна за пиење, па граѓаните се замолуваат да ја користат само за технички потреби додека трае вонредната состојба.
Надлежните служби веќе работат на стабилизирање на системот и најавуваат дека граѓаните навремено ќе бидат известени кога водата повторно ќе биде безбедна за употреба.
Од ЈКП апелираат на разбирање и рационално користење на водата во текот на рестрикцијата.































