УТРО.мк

Ѓурѓај на конгресот на ФУЕН оствари средби со претставници на организацијата

Ѓурѓај на конгресот на ФУЕН оствари средби со претставници на организацијата
Vero

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај учествува на 69 Конгрес на Федералната унија на европски националности (ФУЕН), што се одржува  во Болзано во Јужен Тирол, Италија од 23 до 26 октомври 2025 година. Присутни се околу 30 земји членки на ФУЕН ќе разменат мислења за актуелните случувања во политиката на малцинствата. Македонското друштво “Илинден”-Тирана веќе десет години, од кога е рамноправна членка на ФУЕН, редовно учествува на сите конгреси и други активности. Присутни од 38 земји и над 118 организации членки на ФУЕН ќе разменат мислења за актуелните случувања во политиката на малцинствата.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на конгресот освари средби со Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европски националности и пратеник во Европскиот Парламент, г-дин Наби Ибраимтзик потпретседател на Федералната унија на европски националности, Претседателот на работната група на словенски малцинства (АГСМ) г-дин Хартмунт Липнер. Исто така, имаше средба со Јеан Фаивре преставник на Алсатианс германско говорно население од францускиот регион Алзас и Дејан Чулафиќ, Директор на Заедницата на Црногорците во Албанија и г-ѓа Наталиа Ермаков, Претседателка на Естонски сојуз на национални малцинства.

Г-дин Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европски националности и пратеник во Европскиот Парламент

Г-дин Бернд Фабритиус комесар на Сојузната влада на Германија за прашања поврзани со етничките германски преселници и националните малцинства во  Зојузна Република Германија

Претседателот на работната група на словенски малцинства (АГСМ) г-дин Хартмунт Липнер

Г-ѓа Евгенија Нацулиду, преставник на организација „Крсте Мисирков (Движење за промоција на македонскиот мајчин јазик)“ на македонското малцинство во Република Грција

Г-дин Елвин Кадиров, преставник на Кримските Татари и г-дин Џенгиз Ковач, претседател на Здружение на младински сојуз на Република Косово

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран