УТРО.мк

4.000 денари за секое прваче

4.000 денари за секое прваче
Vero

Општина Лозово и во претстојната учебна година ќе им додели ваучери од 4.000 денари на сите ученици кои ќе се запишат во прво одделение. Средствата се наменети за набавка на училишен прибор и облека, како поддршка за родителите во подготовките за новата учебна година.

Градоначалникот Бошко Цветковски истакна дека одлуката е едногласно донесена на последната седница на Советот на Општина Лозово и дека оваа мерка е дел од заложбите на локалната власт за помош на семејствата и инвестирање во иднината на децата.

„Модерно и квалитетно образование со задоволни ученици, родители и наставници е нашиот врвен приоритет. Продолжуваме да ги слушаме потребите на образовната заедница и да креираме мерки кои ќе донесат добри резултати“, потенцира Цветковски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран