УТРО.мк

Трамп и Зеленски ја завршија средбата, следува повик до Путин

Трамп и Зеленски ја завршија средбата, следува повик до Путин
Vero

Денес во Белата куќа се одржа кратка билатерална средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, која траеше нешто помалку од половина час.

Претседателот Зеленски изјави дека е подготвен за трилатерална средба со Путин и Трамп, додавајќи дека таквата средба би можела да биде чекор кон завршување на конфликтот.

На прашањето на новинарите дали Трамп очекува нешто од неодамнешниот самит со Путин, американскиот претседател рече дека веќе имал индиректен разговор со рускиот лидер и дека планира телефонски разговор веднаш по денешните средби. Тој додаде дека можеби ќе следува трилатерален состанок, но ако не се одржи, борбите ќе продолжат. „Ако има трилатерален состанок, има добри шанси можеби војната да заврши“, истакна Трамп.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран