УТРО.мк

Годишен бонус за пензионерите: Хрватска го менува системот на пензии

Годишен бонус за пензионерите: Хрватска го менува системот на пензии
Vero

Новата законска регулатива за пензиско осигурување во Хрватска воведува повеќе промени, меѓу кои: годишен додаток за сите корисници на пензија, укинување на казните за предвремено пензионирање и нова стапка за усогласување на пензиите.

Законот стапи на сила на 1 јули 2025 година, а дел од одредбите ќе се применуваат од 1 јануари 2026 година. Предвидено е дополнителни години стаж да се додаваат за лицата што се грижат за деца или обезбедуваат услуги за згрижување повеќе од 10 години.

Минималната пензија е зголемена од 103 на 106 проценти од сегашната вредност, а годишниот додаток ќе се пресметува според полните години пензиски стаж и ќе се исплаќа во декември. Од почетокот на 2026 година, казните за предвремено пензионирање ќе бидат укинати, почнувајќи од месецот по полнењето 70 години.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран