УТРО.мк

Трагедија кај Макази: Младо момче од Охрид и битолчанец загинаа во сообраќајка

Трагедија кај Макази: Младо момче од Охрид и битолчанец загинаа во сообраќајка
Vero

На патот Ресен – Битола, кај Макази, денес попладне се случи тешка сообраќајна несреќа со две жртви. На лице место починал битолчанец на 52 години кој живеел во Германија, а подоцна во Битолската болница починало и 20-годишно момче од Охрид.

Според официјалното соопштение од СВР Битола, несреќата се случила на 18.08.2025 во 13:09 часот помеѓу патничко возило „мерцедес“ со странски ознаки управувано од битолчанецот и „опел“ со охридски ознаки во кое биле две лица родени 2005 година. Едно од возилата целосно изгорело, а неофицијално се споменува дека возилата претекнувале дури и на трета лента.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: apla.mk

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран