УТРО.мк

Кичевчанка уапсена за брзо возење: 107 км/ч на место со ограничување 50 км/ч

Кичевчанка уапсена за брзо возење: 107 км/ч на место со ограничување 50 км/ч
Vero

На улицата „Магистрален пат“ во Кичево, вчера во 15:25 часот полицијата запрела автомобил „мерцедес“ со австриски регистарски таблички, поради тоа што возилото се движело со брзина од 107 км/ч на место каде што дозволената брзина е 50 км/ч.

Возачката, Џ.З. (46) од кичевското село Стрелци, била уапсена на лице место.

Против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран