На 17 август 2025 година, во 09:00 часот, во СВР Скопје 40-годишен маж пријавил дека бил физички нападнат од својата сопруга К.А. (40) од Скопје. Настанот се случил на 16 август околу 00:10 часот во нивниот заеднички дом на подрачјето на општина Аеродром.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.