Во гимназијата „7 Март“ во Тетово, до сега во двата уписни рокови се запишале само 22 ученици, додека третиот рок е закажан за 21 август. Од училиштето очекуваат бројот на ученици да се зголеми и да се пополнат осумте планирани паралелки, особено по намалувањето на условот за поени од 60 на 50.
Директорот Исмаил Влаши изјави дека со намалувањето на поените, бројот на потенцијални ученици се зголемил и се надева дека до крајот на август ќе има доволен број за нормално функционирање на училиштето. „Минимум треба да имаме по 20 ученици во паралелка за нашето училиште да функционира како и другите“, истакна Влаши.
Во меѓувреме, централната гимназија и медицинското училиште веќе ги пополниле своите места.