Српското Министерство за внатрешни работи информира дека за време на вчерашните антивладини протести биле приведени вкупно 56 лица.
Од нив, 16 се сомничат за сторено кривично дело „насилно однесување на спортски настан или јавен собир“, а против уште 35 лица ќе бидат поднесени прекршочни пријави.
Само во Белград биле приведени 27 лица, при што за 22 од нив ќе следуваат прекршочни пријави. Во Ваљево полицијата привела 29 лица – 15 поради сомневање за кривично дело, а 13 ќе одговараат прекршочно.
МВР соопшти и дека шест полицајци биле повредени при интервенциите, но сите со полесни телесни повреди.