УТРО.мк

Се затвора дел од обиколницата околу Солун – важна информација за патниците кон Халкидики

Се затвора дел од обиколницата околу Солун – важна информација за патниците кон Халкидики
Vero

Сообраќајната полиција во Солун соопшти дека на 19 и 20 август, во период од 07:00 до 16:00 часот, ќе се изведуваат работи за одржување на осветлувањето на западниот дел од обиколницата.

За време на интервенцијата, сообраќајот ќе биде регулиран со наизменично затворање на десната лента во двата правци.

Властите препорачуваат возачите да користат алтернативни правци низ центарот на Солун за да избегнат застои, особено оние кои патуваат кон Халкидики.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран