УТРО.мк

Трамп тврди: Зеленски може веднаш да ја заврши војната со Русија

Трамп тврди: Зеленски може веднаш да ја заврши војната со Русија
Vero

Американскиот поранешен претседател Доналд Трамп на својата платформа Truth Social го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да постигне договор за прекин на три и полгодишниот конфликт со Русија. „Претседателот Зеленски на Украина може да ја заврши војната речиси веднаш ако сака, или може да продолжи да се бори. Обама нема да го врати Крим… и Украина нема да се приклучи на НАТО. Некои работи никогаш не се менуваат!!!“, напиша Трамп.

Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф изјави за CNN дека Трамп и рускиот претседател Владимир Путин на неодамнешниот состанок во Алјаска се договориле за „силни безбедносни гаранции“ за Украина, кои тој ги опиша како „пресвртница“.

Виткоф додаде дека Русија направила територијални отстапки во врска со пет украински региони пред средбата на Зеленски со европските лидери во Белата куќа, вклучително и важни дискусии за иднината на Донецк.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран