УТРО.мк

Утре започнува првиот уписен рок на Битолскиот универзитет

Утре започнува првиот уписен рок на Битолскиот универзитет
Vero

Утре, 19 август, започнува првиот уписен рок за нови студенти на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и ќе трае до 27 август. Кандидатите веќе имаа можност да се пријават електронски преку интернет платформата upisi.uklo.edu.mk, односно преку системот iKnow.

За додипломските студии, на УКЛО се достапни 2.318 места, од кои 1.199 се во државна квота, а останатите 675 и 444 се наменети за кофинансирање и вонредни студии.

Студентите ќе можат да изберат од широк спектар на специфични профили, а годинава се воведува и новата COLOURS димензија. УКЛО е дел од европската COLOURS универзитетска алијанса, која поврзува над 120.000 млади луѓе и овозможува мобилности, избор на предмети, како и можност за двојна диплома на деветте партнерски универзитети.

Ректорот проф. д-р Игор Неделковски ги повика кандидатите да го сторат уписот во првите денови за да обезбедат место во државната квота, со школарина од 200 евра.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран