На 18 август 2025 година, во 00:05 часот, жител на Тетово пријавил во СВР Тетово дека бил физички нападнат од својот сосед. Според пријавата на И.И. (53) од Тетово, инцидентот се случил претходниот ден околу 21:00 часот на паркингот пред зградата каде што живее.
Како што соопшти полицијата, соседот Н.Ш. го нападнал со употреба на метален предмет поради претходно недоразбирање.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.