УТРО.мк

Ѓорѓиев: Не спиев четири дена, благодарни сме за светските услови за работа

Ѓорѓиев: Не спиев четири дена, благодарни сме за светските услови за работа
Vero

Она што капитенот го посака – тоа и се оствари. Никола Ѓорѓиев ја предводеше македонската одбојкарска репрезентација до уште една голема победа, овојпат над Грузија во Скопје, триумф вреден пласман на Европското првенство (ЕП) во 2026 година.

По натпреварот, искусниот капитен не ги криеше емоциите и јасно порача дека новиот настап на европската сцена е огромна чест и лична сатисфакција.

„Стана нормално Македонија да биде дел од најдобрите селекции во Европа. Тоа е сон кој, ако некој ми го кажеше во 2017 година, немаше да поверувам и ќе мислев дека е невозможно. Сакам да им честитам на сите што учествуваа во овој успех – на федерацијата, на соиграчите, на стручниот штаб… Македонија денес е прегорда. Ова е историски ден за македонската одбојка и датум кој ќе го славам до крајот на животот,“ изјави Ѓорѓиев.

Тој се осврна и на поддршката од институциите:
„Сакам посебно да му се заблагодарам на министерот за спорт Борко Ристовски, кој ни овозможи светски услови за работа. Сè што посакавме ни беше овозможено, а ние се оддолжуваме со вакви резултати. Од возбуди не сум затворил око четири дена, уште од мечот со Грција. Сега да ја почекаме ждрепката за групите, па потоа ќе зборуваме за очекувањата на ЕП.“

Македонија досега три пати настапи на европските првенства – во 2019 година ја заврши на 17-то место, во 2021 на 23-то, а во 2023, кога беше и еден од домаќините, се пласираше на 16-то место. Целта на шампионатот во 2026 е јасна – пласман во втората фаза, што би било круна на кариерата на оваа генерација. Турнирот ќе се одржи во Бугарија, Финска, Италија и Романија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран