УТРО.мк

Ристовски: Успехот на македонските одбојкари е доказ дека вложувањето во спортот носи резултати

Ристовски: Успехот на македонските одбојкари е доказ дека вложувањето во спортот носи резултати
Vero

Министерот за спорт Борко Ристовски изрази голема гордост за машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија по нивниот пласман на четврто Европско првенство по ред.

Со убедлива победа од 3:0 против Грузија, нашите одбојкари ја потврдија својата вредност и го истакнаа името на Македонија на европската спортска сцена.

„Овој голем подвиг ќе биде награден од Министерството за спорт со три милиони денари за Одбојкарската федерација на Македонија. Вложувањето, упорноста и љубовта кон спортот секогаш носат резултати“, истакна Ристовски.

Министерот ги повика играчите да продолжат да ја носат Македонија гордо на европските терени.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран