УТРО.мк

Гори јахтата на познат бизнисмен во Будва – зафатени уште две пловила

Гори јахтата на познат бизнисмен во Будва – зафатени уште две пловила
Vero

Вечерва избувна голем пожар во марината во Будва, кој го зафати луксузниот брод на познатиот бизнисмен Брацо Мирановиќ, објави Телеграф. Дополнително, уште две јахти во радиус од околу 500 метри се зафатени од огнот.

Пожарот на јахтата на Мирановиќ бил забележан рано навечер, а на терен веднаш излегле екипи на пожарникарите и полицијата, кои ја обезбедуваат безбедноста во марината.

Од пристаништето во Будва информираа за „Вијести“ дека јахтата била извлечена од марината и спроведена на отворено море за да се заштитат другите пловила.

Драган Божовиќ, раководител на Службата за заштита и спасување на Будва, изјави дека во гаснењето на пожарот биле ангажирани седум екипи. Точната причина за инцидентот сè уште е непозната, а властите ја продолжуваат истрагата за утврдување на сите околности.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран