Клучниот помошник на Владимир Путин и главен руски преговарач, Кирил Дмитриев, повторно ја сподели објавата на американскиот претседател Доналд Трамп, во која се изнесуваат условите за прекин на конфликтот во Украина.
Според објавата, Украина би можела да стави крај на војната доколку прифати неколку клучни руски барања: откажување од Крим, анектиран од Москва во 2014 година, и обврска дека никогаш нема да стане членка на НАТО.
„Трамп и неговиот тим се залагаат за вистинско решение. Нека надвладее решавањето на проблемот и мирот за време на Големиот ден“, напиша Дмитриев на социјалната мрежа X, alудирајќи на средбата помеѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој додаде дека американскиот тим се обидува да најде реално решение за конфликтот, пренесе агенцијата ТАСС.
Со оваа изјава, Москва јасно сигнализира дека очекува Зеленски да се соочи со најтешкиот притисок досега – прифаќање на услови кои вклучуваат откажување од дел од територијата и трајно дистанцирање од НАТО.