УТРО.мк

Трамп со неверојатна изјава за Зеленски – како Путин ќе реагира на ова?

Трамп со неверојатна изјава за Зеленски – како Путин ќе реагира на ова?
Vero

Трамп: Зеленски може „речиси веднаш“ да ја заврши војната, но Крим и НАТО не се опција

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изнесе контроверзно мислење дека украинскиот претседател Володимир Зеленски има можност „речиси веднаш“ да ја стави крај на војната со Русија, доколку навистина тоа го посакува.

На својата платформа Truth Social, Трамп порача дека Зеленски може да одлучи да стави крај на конфликтот во секој момент или, пак, да продолжи со војната. Тој, исто така, ја отфрли идејата Украина да се приклучи на НАТО и да го врати Крим како нереална.

„Се сеќавате како започна сето тоа. Крим нема да се врати – тоа го направи Обама пред 12 години, без ниту еден куршум, и Украина нема да влезе во НАТО,“ нагласи Трамп.

Коментарите доаѓаат пред планираната средба на Трамп со Зеленски во Вашингтон и ја зајакнуваат руската позиција дека прашањата за членство во НАТО и статусот на Крим не се предмет на преговори.

Во минатото, Трамп Зеленски му припишуваше делумна, па дури и целосна одговорност за започнувањето на руската инвазија во 2022 година.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран