УТРО.мк

Путин подари руски мотоцикл на Американец од Алјаска – причината е неверојатна

Путин подари руски мотоцикл на Американец од Алјаска – причината е неверојатна
Vero

Рускиот претседател Владимир Путин му подари нов мотоцикл „Урал“ на жителот на Алјаска, Марк Ворен, јави телевизискиот канал „Русија 1“.

„Ова е личен подарок од претседателот на Руската Федерација“, изјави Андреј Леденев, советник во руската амбасада во САД.

Неколку дена пред претстојната средба на лидерите на Русија и САД, Ворен во интервју за истиот канал се пожали дека поради антируските санкции се соочува со тешкотии при набавка на резервни делови за својот стар „Урал“.

По емитувањето на прилогот, руските дипломати го пронајдоа Американецот и му врачија нов мотор. „Овој мотоцикл работи многу подобро. Многу ми е драг и мојот стар, но овој е очигледно на повисоко ниво“, изјави Ворен, страстен љубител на мотоцикли.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран