Единицата за насилен криминал при СВР Скопје на 17.08.2025, во консултација со јавен обвинител, поднесе кривична пријава по брза постапка против Е.В. (28) за кривично дело „убиство во обид при вршење семејно насилство“ и таа е изнесена пред судија на претходна постапка, кој и одредил мерка притвор во траење од 30 дена. На 15.08.2025 во 14:00 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници ја лишија од слобода Е.В. по претходна пријава дека во семејниот дом ја нападнала 87-годишната баба на нејзиниот сопруг. Од страна на судија на претходна постапка, на Е.В. и е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Исто така, на 17.08.2025 Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против П.А.(36) од Скопје за кривично дело „телесна повреда“ по чл.130 ст.2 од КЗ, затоа што на 15.08.2025 околу 16:00 часот во семејниот дом во скопско физички ја нападнал сопругата Н.А.. По преземени мерки од полициските службеници, П.А. е лишен од слобода, изведен е пред судија на претходна постапка, кој му определи мерка на претпазливост.
Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го расчисти и случајот со физичката пресметка на 16.08.2025 околу 19:00 часот на ул.„Славеј планина“ во Скопје во која учествувале повеќе лица, биле употребени и тврди и остри предмети, при што со тешки телесни повреди се здобиле две лица, а уште неколку лица се здобиле со повреди. По пријавувањето на настанот, од страна на ЕНК при СВР Скопје преземени се опсежни мерки за откривање и документирање на настанот по што на 17.08.2025 до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка против С.Д. за кривично дело „убиство во обид“ по чл.123 во врска со чл.19 од КЗ, против А.А. и С.Д. за кривично дело „тешка телесна повреда“ по чл.131 од КЗ, а против други седум лица за кривично дело „учество во тепачка“ по чл.132 од КЗ. Лицата се изведени пред судија на претходна постапка, кој на С.Д. му изрекол мерка куќен притвор во траење од 30 дена, а на седум лица изречена им е мерка на претпазливост да не го напуштаат градот и секој понеделник да се јавуваат во суд.