УТРО.мк

Приведена жителка на кичевско село, управувала возило со брзина од 107 км на час на место каде што дозволенатѕа брзина е 50 км на час

Приведена жителка на кичевско село, управувала возило со брзина од 107 км на час на место каде што дозволенатѕа брзина е 50 км на час
Vero

На 17.08.2025 во 15.25 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода Џ.З.(46) од кичевското село Стрелци. При контрола во патниот сообраќај на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки, при што констатирале дека таа го управува возилото со брзина од 107 километри на час на место каде со сообраќаен знак има ограничување на брзината од 50 километри на час. Против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран