На 17 август 2025 година, во ОВР Кичево од Итната медицинска помош било пријавено дека со тешки телесни повреди бил донесен Ф.С. (36) од Кичево.
Според пријавеното, тој се повредил при пад од четирицикл во неговиот семеен двор. Поради сериозноста на повредите, веднаш бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.