На 17.08.2025 во 11:10 часот, на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода П.Г.(56) од Република Грција.
При преглед во возилото „даимлер“ – кампер со германска национална ознака, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било предадено и задржано во Полициска станица Куманово, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.