УТРО.мк

Виктор Грозданов за Плусинфо – Државата покажува подготвеност да го врати рударството како столб на македонската економија

Виктор Грозданов за Плусинфо – Државата покажува подготвеност да го врати рударството како столб на македонската економија
Vero

Со новиот предлог-закон за рударство, државата покажува подготвеност да го врати рударството како столб на македонската економија, а создава развојни можности и да помогне во намалување на иселувањето, вели колумнистот Виктор Грозданов во последната колумна објавена во Plusinfo.mk.

Тој оценува дека Македонија со воведување на двата засебни закони, за рударство и за геологија, ја третира индустриската гранка како стратешки неопходна за држвата и за граѓаните. Новите закони ќе стават силна контрола врз сите осум постапки за отворање нов или за постоечките рудници. 

Во предлог-законот, како најзначајни ги издвојува геолошките истражувања, елаборатите за заштита на животната средина, експлоатацијата и економскиот развој, и рехабилитација и рекултивација на употребеното земјиште.

„Само со јасна регулатива рударството може да стане повторно столб на македонската економија и да помогне во спречување на белата чума и иселувањето“, вели Гроздановски.

Тој посочува дека при подготовка на конечната верзија на законите задолжително треба да учествуваат професори и експерти од различни области: геолози за истражување на рудните богатства, рудари за дефинирање на современи и безбедни практики, металурзи кои ќе гарантираат еколошка заштита во процесот на екстракција, лекари за заштита на рударите, економисти за следење на глобалните движења на металите.

„Нема рудар и металург кој не сака да соработува со „нормални еколози“. Тоа се личности кои знаат да разговараат дека да го стопирате или изгаснете процесот на индустријализација е утопија. Напротив мора да го контролирате и тоа по сите прописи согласно Европската унија кои ние ги имаме прифатено во целост, а за тоа мораме да ја јакнеме држават пред се“, нагласува Грозданов

Во колумната наведува и пример за „еко лажговци”. Според него, тоа се случува на реката Дошница, каде од 1952 година функционира хидроцентрала со рибник каде се мрестат стотици илјади млади пастрмки, спротивно на тврдењата дека таквите зафати ја уништуваат природата.

Гроздановски истакнува дека иднината на рударството е без изградба на нови хидројаловишни брани. Тој посочува дека рудниците „Генезис“ и „Иловица-Штука“ веќе го прифатиле овој концепт, а металурзите предлагаат нови начини за безбедно искористување на ретки метали од старите јаловишта.

Тој најави две колумни кои ќе ги објавим овој месец каде ќе објасни за еко лажговците по нарачка со детали за Асан Бег и за неговите другари од еко партиите и какви се зулуми имаат направено во делот хидро системи и рудници.

Извор: plusinfo.mk

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран