Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека од вечерва на полноќ доаѓа до намалување на цените на нафтените деривати.
Бензините поевтинуваат за половина денар по литар. Така, „еуросупер-95“ ќе се продава по цена од 74 денари, додека „еуросупер-98“ ќе изнесува 76 денари за литар.
Цената на дизелот се намалува за еден денар и ќе изнесува 67,50 денари по литар, а исто толку се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство, кое ќе се продава по 67 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС исто така бележи намалување од 1,143 денари по килограм и ќе изнесува 38,643 денари.