Несовесното фрлање на отпад и неизбирањето на изметот од милениците стана актуелна тема во Скопје. И покрај напорите на комуналните служби, сметот често не се собира навреме, а дел од граѓаните продолжуваат да фрлаат отпад на јавни површини.
Во јавноста се отвори идејата за воведување на градска полиција која би санкционирала несовесни граѓани. Ова особено се однесува на сопствениците на миленици кои при прошетките не го собираат изметот од своите животни.
Еден од коментарите на социјалните мрежи вели: „На Скопје му треба градска полиција која ќе казнува несовесни луѓе кои фрлаат ѓубре каде што ќе им текне и оние што не го собираат изметот на миленичињата.“