УТРО.мк

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ на официјална средба со Џани Инфантино, претседател на ФИФА

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ на официјална средба со Џани Инфантино, претседател на ФИФА
Vero

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, оствари средба со претседателот ФИФА, Џани Инфантино во рамки на официјалниот самит на Светската фудбалската Асоцијација во Мајами, САД.

На средбата се разговараше за идните правци во развојот на фудбалот во Македонија и поддршката од ФИФА.

Претседателот Масар Омерагиќ истакна дека ФФМ нема да инвестира во празни форми, туку во суштина, односно во терени, рефлекторско осветлување и услови каде што навистина се развива фудбалот.

“Нашата визија се мали, но квалитетни стадиони. Не трибини без публика, туку терени, таму каде што почнува фудбалот,“ порача Омерагиќ.

Ваквиот пристап беше поддржан од Инфантино, кој посочи дека и во рамки на ФИФА се води токму таква стратешка дискусија, подобро е мал, но квалитетен стадион, отколку голем објект без содржина.

Дополнително, беше презентирана иницијативата на ФФМ клубовите да добиваат бесплатна опрема со услов да не се продава, туку да се донира на младите категории и децата.

Инфантино го поздрави концептот и најави дека ќе го сподели како позитивен пример на следните состаноци на ФИФА.

ФФМ изразува искрена благодарност за приемот и вниманието што претседателот на ФИФА го посвети на македонскиот фудбал.
Воедно, од страна на првиот човек на македонскиот фудбал беше упатена покана до претседателот на ФИФА за официјална посета на нашата земја.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран