Шест стелт бомбардери B-2 Spirit од базата Вајтман во Мисури се во движење кон американската воздухопловна база на островот Гуам, пренесуваат податоци од авијациско следење и комуникација со контролата на летови.
Овие стратегиски авиони, кои важат за врв на американската воена технологија, се единствено способни да носат специјализирани двотонски бомби за пробивање на подземни бункери — вооружување што, според експертите, може да биде од клучно значење за евентуално уништување на силно утврдените ирански нуклеарни објекти, вклучително и постројката Фордо.
Овој потег доаѓа во момент на зголемени тензии меѓу Израел и Иран, а јавноста очекува официјална одлука од американскиот претседател Доналд Трамп во врска со можната воена вмешаност на САД во конфликтот.
Според најавите, Трамп треба да се врати во Белата куќа во сабота попладне, по што се очекува и негова изјава.