„Три минути до плажа“ – со стотици скали: Туристка од Полска откри што значи таа фраза во Хрватска
Туристка од Полска која летувала во Хрватска стана вирален хит на социјалните мрежи, откако објави видео на кое покажува што навистина значи фразата „три минути до плажа“ – популарна реченица во огласите за изнајмување сместување на јадранскиот брег.
Во видеото, објавено на TikTok, таа со доза хумор и иронија покажува како сопствениците на апартмани не лажат кога велат дека морето е блиску, но истовремено „забораваат“ да спомнат дека до таму водат десетици, па дури и стотици стрмни скали.
„Три минути до плажа, но вие сте во Хрватска“, напиша туристката со длабокa воздишка во описот на видеото, кое за кратко време собра над 7 милиони прегледи и предизвика лавина коментари од корисници ширум светот.
Во коментарите, бројни туристи споделија слични искуства:
– „Во Станичи сум – 287 скали!“, напиша еден од корисниците.
– „Во Дубровник е исто, скалите се вистински кошмар“, додаде друг.
– „До плажата има 5 минути, но скалите се долги и напорни“, се пожали трет.
– „Секој ден на одмор се борам со скалите“, коментираше четврт.
– „Првите два дена во Макарска немав здив – после тоа веќе не можев ни да дишам“, напиша друг турист.
Иако искуството е исцрпувачко, видеото стана потсетник за многу патници дека при резервација на сместување е важно внимателно да се проверат сите детали – особено кога станува збор за „растојанието до плажа“. Затоа, следниот пат кога ќе видите фраза „на само 50 метри од море“, сетете се – можеби е така… но по вертикала.
@sweetdream13_#chorwacja#croatia#wakacje♬ original sound – Sara de Sousa