Силен земјотрес во Јонското Море почувствуван во Грција
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Грција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот бил лоциран во Јонското Море, помеѓу островите Закинтос и Кефалонија, на длабочина од десет километри.
Според првичните извештаи, потресот бил краткотраен, но интензивен, а граѓани пријавиле дека јасно го почувствувале.
Во моментот нема информации за повредени лица или причинета материјална штета, но надлежните служби ја следат состојбата.