Менди Ќура, познат бизнисмен и претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија, официјално ја објави својата независна кандидатура за градоначалник на општина Струга.
Неговата одлука доаѓа како одговор на барањата од бизнис заедницата и широк круг граѓани и заинтересирани групи од Струга, кои во Ќура гледаат доверлива личност со висок интегритет и докажано искуство во економскиот развој и успешно менаџирање.
Во време кога Струга има потреба од јасна визија, стратешки инвестиции и ефикасно водство, Менди Ќура се наметнува како сериозна алтернатива за промени и одржлив развој на општината со ретки природни убавини и голем економски потенцијал.
Кандидатурата на Ќура денеска доби и силна поддршка од Форумот за економска соработка на Албанците, организација која ги застапува интересите на економското поврзување меѓу Албанците во регионот и дијаспората.
„Струга има потреба од работа, не од зборови. Потребни се инвестиции, а не празни ветувања. Подготвен сум моето искуство да го ставам во служба на мојот град,“ изјави Ќура.
Вакви истакнати личности како Менди Ќура му даваат чест на струшкиот крај и на целата заедница, бидејќи ги претставуваат вредностите на трудот, успехот и посветеноста кон општото добро.