УТРО.мк

Костадинов: Водам на анкети со 3:1, очекувам СДСМ да ме кандидира за градоначалник на Струмица

Костадинов: Водам на анкети со 3:1, очекувам СДСМ да ме кандидира за градоначалник на Струмица
Vero

„На сите анкети водам со 3:1 и очекувам по завршување на процедурите, партијата да донесе одлука“, изјави градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов за САКАМДАКАЖАМ.МК, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче ги објави првите 19 кандидати за градоначалници – меѓу кои не се најде неговото име.

Костадинов, кој беше в.д. градоначалник во 2017 по заминувањето на Зоран Заев, а потоа пратеник и актуелен градоначалник од 2021, вели дека неговото отсуство од првата листа не е изненадување.

„Го почитувам раководството и мислењето на граѓаните, кои ми даваат предност на сите анкети. Ја подготвувам програмата и ќе ја претставам пред раководството и лидерот Филипче“, рече тој од Словенија, каде ја примил информацијата.

Костадинов не одговори дали ќе се кандидира како независен, доколку не добие поддршка од СДСМ.

Како потенцијални кандидати се спомнуваат и Марјан Даскаловски, актуелен претседател на ОО СДСМ и поранешен пратеник, и Коста Јаневски, кој беше градоначалник од 2017 до 2021.

„Имам кандидатура. Членството и граѓаните ми даваат поддршка. Имам водство на анкетите, но крајната одлука ја носи партијата“, изјави кусо Даскаловски.

СДСМ досега објави 19 кандидати, меѓу кои во пет општини ќе се натпреваруваат актуелни градоначалници за нов мандат.

ВМРО-ДПМНЕ сè уште го нема објавено својот кандидат за Струмица. Меѓу споменатите имиња се бизнисменот Петар Јанков, д-р Никола Маџунков, советниците Владимир Ристов и Кире Синдраковски, и бизнисменот Митко Дрвошанов.

СДСМ владее со Струмица речиси две децении.

Извор: СакамДаКажам.МК

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран