Иако Израел има технолошка предност во овој конфликт, Иран поседува свои сили кои му даваат значајна предност, вели Муханад Селум, доцент на Институтот за постдипломски студии во Доха.
Откако конфликтот избувна, Израел има речиси целосна контрола над воздушниот простор над Иран, но земјата е 70 пати поголема од Израел, објаснува Селум.
„Иранците можат да издржат голем број удари и поседуваат видови оружје што можат да му нанесат штета на Израел. Израел нема капацитет за долго водење на овој воен судир, па му е потребна брза победа или да ги постигне своите стратешки цели што поскоро. Се наоѓаме во критична фаза од конфликтот, бидејќи и двете страни сè уште не го прогласија конфликтот за целосна војна, но интензивно го зголемуваат користењето на своето оружје“, изјави Селум за „Ал Џазира“.
Нападот на Хамас од 7 октомври 2023 година покажува дека израелската противвоздушна одбрана може да биде преоптоварена, што е тактика што во моментов ја користи Иран, додаде професорот.
„Доколку војната се продолжи, тоа не е во интерес на Израел. Израел не може долго да учествува во овој конфликт бидејќи голем дел од населението е затворено во бункери, а економијата е погодена“, нагласи тој.
Од друга страна, Иран е во „вонредна состојба“ веќе најмалку четириесет години, од времето на Иранско-ирачката војна. Има активни милиции во Либан и Сирија, и е под строги санкции и поседува економија која се разликува од израелската, истакна Селум.
„Па, гледаме две земји со големи разлики, кои една со друга се држат за грло“, заклучи тој, пренесува „Ал Џазира“.