УТРО.мк

Пијан маж во Бутел крвнички ја претепал својата сопруга со чадор, ја удирал по телото и главата

Пијан маж во Бутел крвнички ја претепал својата сопруга со чадор, ја удирал по телото и главата
Vero

Во семејниот дом на улицата Бутелска на 20 јуни, 54-годишен маж, во алкохолизирана состојба, физички ја нападнал својата сопруга, удирајќи ја со чадор по телото и главата. Од бројните удари, жената почнала да крвари и да губи свест, но успеала да се извлече до дворот каде повикала помош.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против осомничениот за нанесување телесна повреда според член 130 став 2 од Кривичниот законик.

Поради сериозноста на делото и околностите, јавниот обвинител достави предлог до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор на осомничениот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран