УТРО.мк

Полицијата уапси двајца возачи во Штип, управувале со возилата под дејство на алкохол

Полицијата уапси двајца возачи во Штип, управувале со возилата под дејство на алкохол
Vero

Лишени од слобода двајца возачи на подрачје на СВР Штип затоа што управувале возила под дејство на алкохол

На 20.06.2025 во 10.35 во Кочани и на 21.06.2025 во 01.00 часот во Берово, полициски службеници од ОВР Кочани и ОВР Берово ги лишиле од слобода Е.В.(23) од Радовиш и М.Ц.(46) од Берово затоа што управувале возила под дејство на алкохол.

При сообраќајна контрола на ул.„Т.Паунов“ во Кочани, полициски службеници сопреле возило „мерцедес“, кое го управувал Е.В. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,90 промили алкохол во организмот.

Исто така, при сообраќајна контрола на ул.„Страшо Пинџур“ во Берово, било сопрено патничко возило „опел“ кое го управувал М.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,60 промили алкохол во организмот.

По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран