УТРО.мк

Руски амбасадор по грешка откри воена тајна: Потврдени шокантни човечки загуби во Украина

Руски амбасадор по грешка откри воена тајна: Потврдени шокантни човечки загуби во Украина
Vero

Висок руски дипломат, по сè изгледа ненамерно, откри податоци што упатуваат на огромни човечки загуби на руската армија во текот на инвазијата врз Украина, објави Kyiv Independent.

Во интервју за CNN, рускиот амбасадор во Велика Британија, Андреј Келин, беше прашан за целите на Москва во Украина и способноста на земјата да обезбеди доволен број нови војници. Тој ја отфрли бројката од еден милион загинати, но потврди дека „околу 600.000“ руски војници во моментов се борат во Украина — бројка што се поклопува со процените на украинските власти од јануари.

Овој податок е понизок од бројките што претходно ги изнесуваше рускиот претседател Владимир Путин — 700.000 во јуни 2024 и 617.000 во декември 2023, пишува весникот.

Келин, коментирајќи ја темата за регрутација, изјави:

„Не сум експерт во оваа област, но според она што го знам, месечно имаме околу 50.000 до 60.000 доброволци кои се пријавуваат и се испраќаат во Украина.“

Тој посочи дека, и покрај зголемената регрутација — околу 250.000 нови војници само оваа година — бројот на активни борци е намален. Причината, како што наведува Kyiv Independent, најверојатно лежи во огромните загуби на фронтот.

Несовпаѓање на бројките

Според податоците на украинскиот Генералштаб, од 1 јануари 2025 година Русија изгубила 217.440 војници. Ова не се совпаѓа со проценките на западните аналитичари, кои говорат за уште повисоки бројки. Жорж Барос, водечки аналитичар за Русија во Институтот за проучување на војната (ISW), изјави дека Русија губи меѓу 35.000 и 45.000 луѓе месечно, додека новите регрути едвај ги покриваат тие загуби.

Овие загуби не се само воен предизвик, туку и сериозен економски товар за Русија. Според анализата на економистот Јанис Клуге, дневните трошоци за регрутација изнесуваат околу 24 милиони долари. Ова се случува во време на зголемен притисок врз руската економија, поради западните санкции и опаѓањето на приходите од енергенси.

Упорно барање на отстапки од Украина

И покрај дипломатските напори што ги предводат САД, Москва продолжува да инсистира дека Украина мора да се повлече од четирите делумно окупирани региони — Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје — како услов за почеток на мировни преговори.

Од почетокот на т.н. „Специјална воена операција“, според украински податоци, Русија има повеќе од еден милион загинати, ранети или исчезнати војници — бројка што, доколку се потврди, ќе ја претставува најтешката воена загуба за Москва од Втората светска војна наваму.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран