УТРО.мк

Езѓан Алиоски се враќа во Лугано – потпиша двегодишен договор со швајцарскиот клуб

Езѓан Алиоски се враќа во Лугано – потпиша двегодишен договор со швајцарскиот клуб
Vero

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски повторно ќе го облече дресот на швајцарскиот Лугано, клуб во кој настапуваше во периодот од 2015 до 2017 година. Со новиот договор, Алиоски се обврза на двегодишна соработка, со важност до 2027 година.

По заминувањето од Лугано пред седум години, Алиоски направи значајна меѓународна кариера – прво во англискиот Лидс Јунајтед, потоа во Ал Ахли од Саудиска Арабија, а една сезона настапуваше и како позајмен играч во турскиот гигант Фенербахче.

Претходно во Швајцарија, тој играше и за Јанг Бојс и Шафхаузен, но токму во Лугано го привлече вниманието на пошироката фудбалска јавност, со одлични настапи кои му го отворија патот кон Премиер лигата.

„Со задоволство го објавуваме враќањето на Езѓан Алиоски – играч кој, со своето искуство и карактер, совршено ги отсликува вредностите и духот на нашиот клуб. Тој ни подари незаборавни моменти во своето прво поглавје тука, и горди сме што повторно ќе бидеме дел од неговата приказна,“ изјави Себастијан Пелцер, спортскиот директор на Лугано.

Алиоски со своето враќање во швајцарскиот фудбал најавува нова етапа во кариерата, со амбиција повторно да блесне во познатата средина и да придонесе за успесите на Лугано на домашната и европската сцена.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран