Жена од Скопје измамена за 1,3 милиони денари преку лажен повик од „лекар“
Скопјанка на 68-годишна возраст пријавила во полиција дека била измамена за околу 1.300.000 денари од лице што ѝ се јавило телефонски и лажно се претставило како лекар од Градската болница. Според пријавата, мажот ѝ соопштил дека нејзината ќерка има повреди и дека итно ѝ е потребна операција, по што таа ги оставила парите на договорено место.
Подоцна сфатила дека станува збор за измама. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.