Попладнево околу 16:30 часот во стан на втори кат на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје избувнал пожар, кој брзо бил изгаснат од противпожарните служби на градот.
Седум лица се повредени при инцидентот, откако вдишале чад. На нив веднаш им била пружена медицинска помош, потврди Ѕвонко Томевски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.
Пожарникарите интервенирале со две возила, а поради големиот зафат на просторот бил повикан и дополнителен пожарникарски тим. Пожарот бил локализиран и целосно изгаснат за кратко време.
Екипите на МВР се на терен и работат на утврдување на причините за пожарот.