УТРО.мк

Силно невреме ја погоди Анкара – поплавени улици и отежнат сообраќај

Силно невреме ја погоди Анкара – поплавени улици и отежнат сообраќај
Vero

Главниот град на Турција, Анкара, вечерва беше зафатен од силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд, што предизвика поплави на повеќе локации во градот. Според турската новинска агенција „Анадолу“, поради големата количина на врнежи, неколку улици се под вода, а сообраќајот на тие делови е значително отежнат.

На видеа објавени на социјалните мрежи може да се види како водата надоаѓа низ улиците, поплавува возила и предизвикува проблеми за пешаците и возачите.

Надлежните служби се на терен и работат на испумпување на водата и расчистување на погодените делови. Засега нема информации за повредени лица, но властите апелираат граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат движење низ критичните зони додека трае интервенцијата.

Метеоролозите најавуваат дека нестабилното време може да продолжи и во текот на ноќта.

ВИДЕО

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран