УТРО.мк

Русија годинава окупирала територија колку четири Берлини – Украина предупредува на драматична ситуација

Русија годинава окупирала територија колку четири Берлини – Украина предупредува на драматична ситуација
Vero

Руската војска од почетокот на 2025 година досега повторно окупирала 2.395 квадратни километри територија во Украина, објави германскиот „Билд“, повикувајќи се на проценки на украински и руски воени блогери. Доколку овој тренд продолжи, до крајот на годината Русија би можела да заземе над 4.000 квадратни километри – површина четири пати поголема од германскиот главен град Берлин.

Во споредба, во текот на 2024 година, Москва има окупирано 3.388 квадратни километри. Новата динамика на бојното поле е причина за загриженост, особено на источниот фронт каде што руските сили постојано напредуваат, додека Киев се обидува да обезбеди нови противвоздушни системи и оружје со долг дострел од Германија и САД.

Според анализата, Русија има предност во бројот на војници, борбени авиони, тешка артилерија и дронови-камикази, но пресудна се покажува разликата во пристапот. Додека украинскиот претседател Володимир Зеленски инсистира на минимизирање на жртви и избегнување на рововски битки, Кремљ ја следи стратегијата на масовни човечки жртви.

Путиновите генерали, според „Билд“, жртвуваат и до 1.000 војници дневно – мртви и ранети – за да пробијат одбрана и да заземат села со 20, 50 или 100 војници, додека Украина се брани со неколку пати помалку луѓе. „Жртвуваме територија за да ги спасиме животите“, изјавил еден украински офицер за германскиот весник.

И покрај високите загуби, Русија успева да пробие на клучни точки и да ги зазема позициите. Украинската страна предупредува дека ситуацијата станува сè подраматична и бара побрза и пообемна воена помош од Западот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран