УТРО.мк

Мерц: Членството на Украина во ЕУ ќе трае со години

Мерц: Членството на Украина во ЕУ ќе трае со години
Vero

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека патот на Украина кон Европската Унија ќе биде долгорочен и сложен процес, кој не може да се реализира во блиска иднина. На средба со романскиот претседател Никушор Дан во Берлин, Мерц повторно ги намали очекувањата за брз прием на Украина во Унијата.

„Наш врвен приоритет во моментов е да сториме сè што можеме за да ја завршиме оваа војна. Потоа ќе започнат разговори за обнова на Украина. Ова би бил процес кој на крајот би можел да доведе до членство во ЕУ, но тоа ќе трае неколку години“, изјави Мерц, пренесе ДПА.

Украина, која статусот кандидат за членство го доби во 2022 година, јавно изразува желба за забрзано приклучување кон Европската Унија. Сепак, Мерц беше јасен дека додека трае војната и додека земјата е под постојани напади, реална интеграција во ЕУ е практично невозможна.

„Целта е Украина да се доближи што е можно повеќе до ЕУ и да се поврзе со заедницата, но пристапниот процес нема да биде краток,“ нагласи германскиот канцелар.

Украина повеќе од три години се брани од руската инвазија, а процесот на нејзиното евроинтегрирање останува условен од безбедносната и политичката стабилност во регионот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран