УТРО.мк

По брзата пруга од Гевгелија до Солун ќе се патува 30 минути, а до Скопје за еден час и 10 минути

По брзата пруга од Гевгелија до Солун ќе се патува 30 минути, а до Скопје за еден час и 10 минути
Vero

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој е и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, учествуваше на трибината во општина Гевгелија на тема „Инфраструктурен бум – Ги градиме темелите на промените“. Во своето обраќање, тој истакна дека Договорот со Обединетото Кралство ќе го трансформира развојот на Македонија и ќе ја позиционира земјата рамо до рамо со втората светска сила.

Николоски посочи дека проектите кои се реализираат се со цел да остават траен белег за сегашните и идните генерации. Тој нагласи дека Македонија мора да направи голем чекор напред за да се изедначи со најразвиените европски земји, при што потенцираше дека за тоа е потребна добра организација и вреден, чесен народ.

Министерот нагласи дека Македонија е првата земја во Европа која потпишала ваков важен договор со Велика Британија, кој го гарантира највисокиот кредитен рејтинг до 5 милијарди фунти (околу 6 милијарди евра), средства кои ќе ја трансформираат државата. Првиот проект веќе е во фаза на реализација, а веќе има понуди од 16 врвни светски банки.

Клучниот инфраструктурен проект што ќе ја промени транспортната мрежа е брзата пруга која ќе минува низ Гевгелија. Со новата пруга патувањето од Гевгелија до Солун ќе трае околу 30 минути, а од Гевгелија до Скопје околу еден час и 10 минути, овозможувајќи побрза и поефикасна поврзаност меѓу клучните центри во регионот.

Николоски заклучи дека овој проект целосно ќе ја трансформира Македонија и ќе ја стави на карта како современа и развиена европска земја.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран